Logo
02 2718-171
jkp_zelenikovo@yahoo.com
MENU
ПОЧЕТНА ЗА НАС E-КОРИСНИК КОНТАКТ ГАЛЕРИЈА ДОКУМЕНТИ ЈАВНИ НАБАВКИ

За претпријатието:



?КП ”Зелениково” — Зелениково чиј основач е Советот на Општина Зелениково е едно претпријатие од комуналната област во ОПШТИНA Зелениково Република Македонија.


Во своето дваесетгодишно постоење и делување ЈКП Зелениково успешно се грижи за одржување на подрачјето на ОПШТИНА Зелениково. Развивајќи се напоредно со развојот и модернизацијата ОПШТИНАТА со добрата организација, ефикасност, одговорност и дисциплина во областа на комуналните де?јности во Општината. Во претпријатието се вработени десет работници и располага со едно специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад и трактор за извршување на други дејности кој се во надлежност на претпријатието.


СЕКОЈДНЕВНА ГРИЖА ЗА ГЛАВНАТА ЧИСТОТА И УРБАНИОТ ЛИК НА ОПШТИНАТА:

  • Собирање и транспортирање на комуналниот отпад од контејнерите поставени на јавни сообраќајни површини, од пластичните канти лоцирани кај индивидуалните домаќинства и од корпите за отпадоци во општината, во една смена во текот на 24 часа пет дена во неделата.Се опслужуваат преку 2500 домаќинства и стотина стопански субјекти и институции.Во депонијата "Дписла" годишно се транспортираат и депонираат над 800 тони комунален отпад.

  • Одржување на хигиената и јавната чистота на јавните сообраќајни површини на територијата на Општина Зелениково што се подразбира нивно рачно и машинско чистење (косе?е)

  • Одржување на канализацијата на територијата на Општина Зелениково кој е на територијата на Општина Зелениково и дел од територијата на општина Студеничани

  • Безбедно доведување на вода за пиење и одржување на водоводниот систем



  • Чистење на снег на јавни сообраќајни површини на целата територија на Општината

  • Едукација на младата популација за правилниот однос кон хигиената и животната средина

  • Поддршка и организација на јавни манифестации од аспект на одржувањето на јавната хигиена

  • Еко патрола која е задолжена да го лоцира неправилно одложениот комунален отпад и да превземе конкретни мерки за заштита на животната средина.Ги едуцира граѓаните за начинот на постапување на комуналниот отпад, почитување на воспоставениот комунален ред во општината со цел да се зачува здрава животната средина.




  • НАША ПОЛИТИКА И РАЗВО?

    Визијата на ЈКП ”Зелениково” - Зелениково е чисто Зелениково и задоволни граѓани
    За да се оствари оваа визија, во Нашето работење ги имплементираме европските стандарди и воведуваме најсовремена техника и технологија
    За зголемување на ефикасноста и ефективноста во извршување на функциите на претпријатието и подигнување на квалитетот на услугите, во тек е воведување на стандардот за квалитет.
    ЈКП Зелениково-Зелениково изработи нова функционална ВЕБ страница, преку кои ги презентира своите секојдневни активности и на граѓаните им овозможува на брз и едноставен начин да ги добијат сите потребни информации во врска услугите кои ги дава претпријатието. Со ова се обезбедува целосна транспарентност во работењето на претпријатието.
    Исполнување и надминување на очекувањата на нашите КОРИСНИЦИ е наша цел. Затоа и во наредниот период несебично и посветено ќе се трудиме континуирано да го подигнуваме квалитетот на нашите услуги.
    Logo

    На?добрата услуга за сите!

    • Почетна
    • За нас
    • Е-Корисник
    • Контакт
    • Галери?а
    • Документи

        ул.1 бр.2-а Зелениково Скоп?е       02 2718-171       jkp_zelenikovo@yahoo.com